19.800 барања за легализација на земјоделската механизација

Bez autora
Oct 16 2013

Вкупно 14 милиони евра субвенции се доделени последните четири години на производители во Свети Николе и Лозово. Од овој регион произлезе и идејата за легализација на земјоделската механизација, рече заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски по посетата на општина Свети Николе. Според него, во земјава за нешто повеќе од една година се доставени 19.800 барања за легализација на тракторите. Земјоделците биле во право кога побарале од нас сериозно да размислиме за легализација на земјоделската механизација. Тоа важеше една година во законот, имаше важност до 30 септември, а сега доаѓа фаза кога со судовите треба да ги решиме сите барања.

19.800 барања за легализација на земјоделската механизацијаВкупно 14 милиони евра субвенции се доделени последните четири години на производители во Свети Николе и Лозово.

Од овој регион произлезе и идејата за легализација на земјоделската механизација, рече заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски по посетата на општина Свети Николе. Според него, во земјава за нешто повеќе од една година се доставени 19.800 барања за легализација на тракторите.

- Земјоделците биле во право кога побарале од нас сериозно да размислиме за легализација на земјоделската механизација. Тоа важеше една година во законот, имаше важност до 30 септември, а сега доаѓа фаза кога со судовите треба да ги решиме сите барања - изјави заменик министерот.

Тој имаше средба со вработените во Подрачната единица на Министерството, градоначалникот Зоран Тасев, земјоделците и претставниците од индустријата за преработка на сточна храна. Во наредниот период, како што информира, ќе се бараат начини како да се намали увозот на јунешко месо во земјава.

- Имаме квалитетна и здрава сточна храна што е предуслов за развиена индустрија каква што впрочем и имаме во однос на товениците. Со производството на свинско месо, Македонија не е увозно зависна - рече Коњановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik